Македонски филмови ќе се прикажуваат на фестивалот „Кочани под ѕвездите“, кој почнува вечерва (15 мај) и ќе биде на отворено, кај Споменикот на слободата, дело на Глигор Чемерски.
Од 18 часот ќе се прикаже анимираниот филм „Јон Вардар против галаксијата“ (фото), а од 21 часот е документарецот „Медена земја“. Утре од 18 часот е проекцијата на „Диџеј Ахмет“, па следниот ден се „Година на мајмунот“ (18 часот) и „Трето полувреме“ (21 часот).
Тридневниот филмски фестивал е организиран од Локалниот младински совет при Општина Кочани, со поддршка од Европската Унија, со цел збогатување на културниот живот во градот, најмногу за младите. Влезот е слободен.
П. ПЕЧКОВ