ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „РЕПЕРТОАРСКИ КАЛЕИДОСКОП“ НА ТЕАТАРСКИОТ КРИТИЧАР ТОДОР КУЗМАНОВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска (21 мај) во малата сала на Драмскиот театар во Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Репертоарски калеидоскоп“ на театарскиот критичар и публицист Тодор Кузманов.

Станува збор за издание кое преку аналитички осврти, критички текстови и театарски записи отвора важни прашања за современиот театар и за неговите развој, естетика и општествено значење. Книгата претставува драгоцен придонес за театарската уметност и културната јавност, како и сведоштво за долгогодишната посветеност на авторот кон театарската критика.

Промотор ќе биде проф. д-р Иван Додовски, кој во предговорот на книгата вели: „Ретки се авторите кои со знаење и долгогодишна истрајност го следат, бележат и анализираат театарскиот живот во Македонија“.