ЕНДИ ГАРСИЈА ВО КАН ГО ДОНЕСЕ ФИЛМОТ „ДИЈАМАНТ“, КОЈ ГО РАЗВИВАЛ 20 ГОДИНИ

Кан, (Ројтерс)

Холивудскиот актер со кубанско потекло Енди Гарсија го претстави својот долгогодишен проект „Дијамант“ на Канскиот филмски фестивал, речиси две децении откако првпат ја добил идејата додека ѝ помагал на својата ќерка со училишна задача да напише кратка ноар-приказна. Филмот се прикажа надвор од официјалната конкуренција.

Гарсија е режисер и ја игра главната улога во филмот инспириран од ноар-жанрот. Во филмот играат и Бил Мaреј и Дастин Хофман.

Седумдесетгодишниот Гарсија, кој е и сценарист и продуцент на филмот, го опишува проектот како свое дете и за „Ројтерс“ изјави:

„Најголемиот подарок на светот е да го прославуваш успехот на своето дете“.
„Дијамант“ е негов втор игран филм како режисер, по „Изгубениот град“ од 2005.

(Фото: Гети)