КАН ГИ ПРЕЧЕКУВА ЅВЕЗДИТЕ ВО ФИЛМОТ И МОДАТА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кан, (Форбс)

Светските ѕвезди од филмот и телевизијата од вчера почнаа да се собираат во Кан, каде синоќа почна 77. издание на Канскиот филмски фестивал.

Леа Сејду

Мерил Стрип е годинашната добитничка на почесната Златна палма, а наградата ѝ ја врачи француската актерка Жилиет Бинош.

Жилиет Бинош

Режисерката Грета Гервиг е претседателка на жирито за Златната палма. Во жирито се и турската сценаристка и фотографка Ебру Џејлан, американската актерка Лили Гледстоун, француската актерка Ева Грин, либанската режисерка и сценаристка Надин Лабаки, шпанскиот режисер и сценарист Ј. Бајона, италијанскиот актер Пјерфранческо Фавино, јапонскиот режисер Хироказу Коре-еда и францускиот актер и продуцент Омар Си.

Мерил Стрип

Фестивалот отвори со францускиот филм „Втор чин“ на Квентин Дупио, со Леа Сејду и Луј Гарел.

Во конкуренцијата за Златна палма се неколкумина култни филмаџии, како Френсис Форд Копола со „Мегалополис“, Џорџ Милер со „Фуриоза“ и Пол Шредер со „Ох, Канада“, а Џорџ Лукас ќе добие почесна Златна палма. Во конкуренцијата се и Кевин Костнер со „Хоризонт, американска сага“, „Видови на добрина“ на Јоргос Лантимос, Жак Одијар со „Емилија Перез“, „Партенопа“ на Паоло Сорентино и „Покров“ на Дејвид Кроненберг.

Фестивалот завршува на 25 мај.

Ева Грин, Грета Гервиг и Лили Гледстоун
Џејн Фонда
Ања Тејлор-Џој

(Фото: Гети)