ПАЈАК СНИМИ ПЕСНА СО ЈОВАН ЈОВАНОВ И ЕЛВИР МЕКИЌ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Христијан Настевски-Пајак, Јован Јованов и Елвир Мекиќ ја промовираа песната „Делириум“, која е најава за концертот на Мекиќ и Јованов, што ќе се одржи на 6 јуни во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Трап пејачот ќе биде меѓу гостите на концертот.

Автори на песната се Пајак, Јован Јованов, Иван Јованов, Таско и Елвир Мекиќ, а режисер на видеоспотот е Гордан Божиновски.

„После нашиот концерт, Пајак ќе промоцира нов албум, на кој со него и Елвир имаме заедничка песна. Но, бидејќи нашиот концерт е наскоро, заедно решивме да ги изненадиме сите и да ја пуштиме песната сега. Се надевам дека кога ќе излеземе сите тројца на бина, и публиката ќе пее со нас“, вели Јован Јованов.

Освен Пајак, како гости се најавени и Тони Зен, Маја Саздановска, Адријан Гаџа, Слаѓа Делибашиќ и Џус и еден специјален гостин. Билетите се продаваат преку мрежата на Мк тикетс.