ХРВАТСКАТА ПЕЈАКА ВАНА ЗА ПРВПАТ ВО СКОПЈЕ СО КОНЦЕРТ НА 5 ЈУНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Хрватската поп-пејачка Вана ќе одржи концерт во Скопје на 5 јуни на покривот на „Сити мол“. Ова е нејзино прво гостување во Скопје,

Концертот е во рамките на четвртото издание на „Џин лејн фестивал“.Настанот ќе започне во 19 часот, со настап на македонската поп група „Рингтонс“.

„Вечерта ќе започне со музичко изненадување на зајдисонце, по што ќе настапи македонскиот бенд, а потоа ќе следува настапот на Вана. Вечерната програма ќе се одвива на покривот, кој за таа пригода ќе биде претворен во урбана фестивалска зона со изложбени штандови и барови“, велат организаторите.

На прославата на десеттиот роденден во 2024, „Рингтонс“ одржа концерт во скопски клуб, а парите од продадените билети ги донираше за купување музички инструменти за ООУ „Браќа Рамиз-Хамид” во Шуто Оризари.