Заврши второто издание на „Урбан фест“, единствениот радиски фестивал на отворено во Македонија, кој и оваа година го наполни скопскот Градски парк.
Фестивалот се одржа на 9 и 10 јуни на локацијата „Вембли“, со настапи на повеќе македонски музичари и диџеи.

На втората фестивалска вечер настапија Зарина Првасевда, Миа Перевска, Полина Тасева, Симона Попоска, Александар Тарабунов, Сара Мејс, Тони Зен (фото), „2Бона“, Ерик Фокс и „Преку ред“, кои ја разиграа публиката во паркот.
Првата вечер настапија младите таленти од проектот „Музичка фабрика“, и други млади музичари.
„Фестивалот уште еднаш ја потврди својата мисија, поддршка на македонската музика, промоција на домашните автори и отворање простор за нови таленти“, велат од „Урбан ФМ“, организторите на фестивалот.