ШВЕДСКИ ДИЗАЈНЕР НАПРАВИ УНИКАТНИ КЕРАМИЧКИ САДОВИ ИНСПИРИРАНИ ОД СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ

Шведска, (Дезен)

Шведскиот дизајнер Густаф Вестман претстави впечатлив дизајнерски производ, розов сад за грицки во форма на фудбалски стадион.инспириран од Светското првенство во фудбал 2026.

Садот беше претставен во продавницата што Вестман ја отвори во соработка со спортскиот бренд „Најк“ во Лос Анџелес. Изработен е од керамика со розова глазура и содржи десет вдлабнатини што потсетуваат на трибини, со простор за различни видови храна.

Во центарот на садот е поставена зелена подлога што асоцира на фудбалски терен, а истата може да се извади и да се користи одделно.

Дизајнерот ги претстави и чинијата за пиво со простор за грицки, која се поставува врз шише пиво (Фото: Г. Вестман)

Покрај овој производ, дизајнерот ги претстави и чинијата за пиво со простор за грицки, која се поставува врз шише пиво, како и чинијата инспирирана од логото на „Најк“, изработена во препознатливата розова керамика.

Познат по својот разигран и хумористичен пристап кон дизајнот, Вестман и претходно привлече внимание со сад во форма на камен за карлинг, создаден за Зимските олимписки игри 2026.