Српската поп-пејачка Александра Радовиќ ќе одржи концерт во Охрид на 30 јули, од 20 часот во Античкиот театар, објави продукцијата „Евентум“.
„По фантастичниот концерт во Скопје во февруари, Александра Радовиќ имаше желба да одржи концерт и во Охрид“, велат организаторите.
Пред скопскиот концерт, Радовиќ на „Златна бубамара на популарноста“ ја доби наградата за најпопуларна регионална пејачка.
„Многу од моите песни ги напиша Дарко Димитров и се снимени во неговото студио. Тие песни уште траат“, рече пејачката за македонскиот продуцент и композитор.
Радовиќ ќе има уште еден концерт во Скопје, во Филхармонијата на 13 декември.
Фото: К. Попов