Од 26 до 28 јуни во Кисела Вода ќе се одржи „Културно лето“, со тридневна музичка, културна и забавна програма по повод 71. роденден на најстарата скопска општина. Настаните ќе се одржуваат на неколку локации низ општината, со содржини наменети за сите генерации.
Фестивалот започнува кај крстот во Драчево во 20 часот со настапи на КУД „Китка“, Андријана Петрушевска, „Љубојна“ и Никола Станишиќ. На 27 јуни програмата продолжува во паркот „Шопен“ со хуманитарна изложба и „Коријада“ на Здружението на пензионерите на Кисела Вода. Вечерта во паркот „Расадник“ ќе настапат диџеите Марио Трампет и Доријан, Влатко Миладиновски, Влатко Лозаноски-Лозано и Таско.
На 28 јуни во паркот „Македонија“ ќе има семејна програма за најмладите, а вечерта во „Расадник“ ќе настапат „2Бона“ и Војаж.
Градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска рече дека програмата е направена според желбите на граѓаните.