МАКЕДОНСКИ ФИЛМОВИ ВО ЈУЛИ ВО КИНОТЕКАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Кинотеката за јули најави филмска програма составена од омажи, ретроспективи и современи македонски филмови.

Програмата започнува со омаж на Горан Стефановски, еден од најзначајните македонски драмски автори и сценаристи. Во негова чест ќе биде прикажан филмот „До балчак“, во режија на Столе Попов, на 1 јули од 20:30 часот.

Посебен сегмент од програмата е посветен на Стефан Сидовски-Сидо, професор по филозофија, предавач по теорија на филм и автор кој остави значаен белег во македонската филмска култура.

Во делот посветен на современата македонска продукција ќе бидат прикажани неколку филмови: „Ефектот на среќата“ на Борјан Зафировски, омнибусот „Скопје Ремикс“ и „М“ на Вардан Тозија.

Публиката ќе има можност да го погледне „Мементо“ на Димитрие Османли, а на репертоарот се и „Татко (Колнати сме, Ирина)“ на Коле Ангеловски, „Бикини мун“ и „Кајмак“ на Милчо Манчевски (фото), „Дедо и внук“ на Илија Пиперковски и други.

Целосната програма е на овој линк