СКОПСКИОТ ДРАМСКИ ТЕАТАР ГОСТУВА ВО БЕЛГРАД СО „ЖИВОТОТ НА ПРОВИНЦИСКИТЕ ПЛЕЈБОИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопскиот Драмски театар денеска и утре (29 и 30 јуни) гостува во Београдско драмско позориште, каде што ќе ја изведе претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“, во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ. Претставата е копродукција на Драмски театар Скопје, Београдско драмско позориште, Местно гледалишче Љубљана и „Град театар“ Будва.

Во претставата играат актерите од четирите уметнички куќи од регионот: Лазар Христов, Јулита Кропец, Марко Гверо, Соња Стамболџиоска, Лазар Николиќ, Вукашин Јовановиќ, Нејц Језерник, Марјан Наумов и Јована Спасиќ. Покрај Иван Пеновиќ, авторскиот тим го сочинуваат и Соња Должан (превод), Лазе Трипков (сценографија), Александар Ношпал (костимографија), Владимир Пејковиќ (композиција) и Дамир Клемениќ (сценско движење).

Претставата е реализирана како проект произлезен од повеќегодишната соработка на театарските куќи од Регионалната унија на театри, основана во 2019.