ЕВА КОСТИЌ ДОБИ НАГРАДА ВО ПОЛСКА ЗА НАЈДОБРА АКТЕРКА ВО „17“ НА МИТИЌ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Ева Костиќ ја доби наградата за најдобра актерка на Интернационалниот филмски фестивал Тофифест во Торун, Полска, за улогата во дебитантскиот игран филм „17“ на режисерката Косара Митиќ. Филмот беше прикажан во главната натпреварувачка програма. Во наредниот период ќе се прикаже на фестивалите во Ерусалим и Мајорка.

Во мај, „17“ освои две награди на фестивалот во Лас Палмас во Шпанија – награда од публиката и специјално признание од жирито за најдобра актерка за Костиќ.

Светската премиера на „17“ беше на 76. издание на Берлинале во февруари годинава, во програмата „Перспективи“, натпреварувачка платформа посветена на нови и перспективни филмски автори.

„17“ е македонско-српско-словенечка копродукција, финансиски поддржана од македонската Агенција за филм, Филмскиот центар на Србија, Словенечкиот филмски центар и СЕЕ Синема нетворк (SEE Cinema Network). Продуцент на филмот е „Црна мачка продукција“, во копродукција со „Арт&Попкорн“ од Србија и „Децембер“ од Словенија, а меѓународната продажба на филмот ја работи „Tотем филмс“ од Франција.

Фото: Косара Митиќ и Ева Костиќ