БЕКАМ ИЗЛЕЗЕ ОД РЕДОТ НА КРАЛСКАТА СВАДБА ДА СЕ СЛИКА СО ТИНЕЈЏЕРКА КОЈА ГО ПРЕЖИВЕА НАПАДОТ ВО МАНЧЕСТЕР

Лондон, (Мирор)

Пред да влезе во капелата Сент Џорџ за свадбата на принцот Хари и Меган Маркл, Дејвид Бекам застана да се фотографира со тинејџерка која лани го преживеа бомбашкиот напад во „Манчестер арена“, кога загинаа 22 лица.

Легендата на Манчестер јунајтед излезе од редот за влезот во капелата, со задоволство позирајќи со Амелија Меј Томпсон.

Амелија, која беше меѓу поканетите обични граѓани од кралската двојка, успеала да избега од салата, кадешто концерт имаше тинејџерската ѕвезда Аријана Гранде, но има длабоки трауми од случувањата таа ноќ и оди на советување. Таа, исто така, си ги оштетила гласните жици од силно врескање, па оди и на специјални третмани за говор.

Откако ја добила поканата, Амелија одлучила да оди со Шерон Гудман, бабата на 15-годишната жртва на терористичкиот напад Оливија Кембел-Харди.