КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР НА НОБ СО КОНЦЕРТ НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Камерниот оркестар на Националната опера и балет (НОБ) вечерва (23 јули) ќе има концерт на 66. Охридско лето, во црквата „Света Софија“ од 21 часот, под диригентство на Бисера Чадловска.

Камерниот оркестар е формиран во 2010 и е составен од истакнати музичари и солисти на Оркестарот на НОБ, под уметничко водство на маестро Саша Николовски-Ѓумар (1966-2017), подоцна под диригентство на Џанлука Мартиненги од Италија и Чадловска.