Војвотката од Сасекс се преоблече во долга елегантна тоалета на Стела Макартни за забавата после свадбата, која во чест на младоженците, принцот Хари и Меган Маркл ја организира принцот Чарлс.
Триесет и шестгодишната Меган на венчавката носеше венчаница од британската дизајнерка Клер Вајт Келер, уметничка директорка за француската модна куќа „Живанши“, со превез и вел долг 5 метри.
За приемот, на кој е поканет потесен круг од околу 200 гости, таа облече чевли на „Аквазура“ од свилен сатен, а за фризурата се погрижил Џорџ Нортвуд.
Младоженецот, војводата од Сасекс, ја придружуваше својата сопруга до спортскиот автомобил, марка „јагуар “, чија регистрација е датумот на нивната венчавка, Е190518.