„АРЕА“ И „МЕМОРИЈА“ СО БЕСПЛАТЕН КОНЦЕРТ ВО РАДОВИШ НА ДЕНОТ НА РУДАРИТЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во чест на Денот на македонските рудари, на 28 август во Радовиш ќе се одржи рок-концерт на кој ќе настапат македонските групи „Меморија“ и „Ареа“.

Концертот ќе се одржи на паркингот „Орел“, а програмата ќе почне во 21 часот. Први на сцената ќе настапат „Меморија“, чиј настап е предвиден од 21 до 23 часот, по што концерт ќе одржи „Ареа“.

Двете групи се меѓу најпопуларните на македонската рок-сцена, со бројни песни кои оставија белег кај повеќе генерации слушатели.

Влезот на концертот е слободен.

„Меморија“ најави концерт на 23 октомври во салата „Јане Сандански“ во Скопје. „Ареа“ одржа концерт пред фанови од повеќе генерации во Охрид на крајот на јули, во Антички театар.