Една од најпопуларните македонски рок-групи, „Ареа“ на 31 јули ќе одржи концерт во Античкиот театар во Охрид, во рамките на С.О.С. Фестивал 2026, од 21 часот.
На концертот публиката ќе има можност да ги слушне најголемите хитови на гостиварскиот бенд, меѓу кои „Сите мои слики“, „Јас сум ти пријател“, „Одведи ме“, „Биди мој“ и многу други песни што ја одбележаа нивната повеќедецениска кариера.
„Со препознатливиот вокал на Ружица Милоошеска – Брчиоска, гитарските делници на Ивица Брчиоски и сите членови на бендот, ова ќе биде вечер исполнета со рок-енергија и безвременска музика“, велат од продукцијата „Фреш унион“, организаторите на концертот.
Билетите се достапни преку мрежата на wayin.mk.
Фото: К. Попов