ТРЕТИОТ ДЕЛ ОД „СНЕЖНО КРАЛСТВО“ ЌЕ ИГРА ОД 24 НОЕМВРИ 2027

Лос Анџелес, (ИМДБ)

Третиот дел од анимираната авантура на „Дизни“, „Снежно кралство“ (Frozen) ќе игра во кината од 24 ноември 2027 година.

Идина Мензел, Кристен Бел и Џош Гад на специјален настан во Калифорнија објавија секвенци од филмот, според кој има нови ликови, а се случува и свадба меѓу Ана и Кристоф.

Мензел и Бел, кои ги позајмуваат гласовите на Елса и Ана, изведоа нова верзија на песната „Frozen Heart“, додека Гад отпеа љубовна песна за првата симпатија на Олаф, насловена „Ooooh, Samantha“.

Песните ги напишаа оскаровците Кристен Андерсон-Лопез и Роберт Лопез. Режисери на филмот се Џенифер Ли и Трент Кори.

Првите два филма заработија над милијарда долари.

Оригиналниот филм стана огромна сензација во 2013, заработувајќи речиси 1,3 милијарди долари ширум светот и освои голем број награди, вклучително и два оскара. Продолжението од 2019 беше уште поуспешно со заработени 1,45 милијарди долари и до неодамна стоеше како анимиран филм со најголема заработка во историјата.

Бел и Мензел најавија нова песна од филмот  (Фото: ЏастЏерд)