„ОДИСЕЈА“ НА КРИСТОФЕР НОЛАН ЗАРАБОТИ 1,35 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

САД, (Ју-Ес-Еј тудеЈ)

„Одисеја“ на Кристофер Нолан стана филмот со ознака Р (за публика под 17 години само со придружба на возрасен) со најголема заработка во историјата, откако глобално заработи 1,352 милијарди долари.

Филмот го надмина досегашниот рекордер „Дедпул и Вулверин“, кој во 2024 заработи 1,338 милијарди долари. Ѕвездата на „Дедпул“, Рајан Рејнолдс, им честиташе на актерите и екипата на „Одисеја“ за новиот рекорд.

Само три филма со ознака Р досега ја надминале границата од една милијарда долари: „Одисеја“, „Дедпул и Вулверин“ и „Џокер“, кој во 2019 заработи нешто повеќе од една милијарда долари. Претходниот филм на Нолан, оскаровецот „Опенхајмер“, стаса до 975,8 милиони долари.

„Одисеја“, адаптација на истоимениот еп на Хомер, премиерно се прикажа во јули и во првиот викенд заработи 123,5 милиони долари во Америка. Во меѓувреме стана и филмот со најголема заработка во кариерата на Нолан, надминувајќи го „Темниот витез: Раѓањето на легендата“.

Мет Дејмон го игра Одисеј, а во ѕвездената актерска екипа се и Том Холанд, Ен Хатавеј и Зендеја.

„Одисеја“ моментално е втор филм со најголема заработка во светот во 2026, зад „Спајдермен: Сосема нов ден“, кој надмина две милијарди долари.