Утре, (22 август) во „Спарта ивент центар“ во Велес ќе се одржи хуманитарниот концерт „Заедно за подобро утре“, посветен на поддршка на лицата со церебрална парализа.
Концертот ќе почне во 20 часот, а ќе настапат „Старбој и пријателите“. Целта на настанот е да се подигне јавната свест за секојдневните предизвици со кои се соочуваат лицата со церебрална парализа и да се испрати порака за еднакви можности и достоинствен живот.
Влезницата чини 300 денари, а концертот ќе трае до полноќ.
Организаторите ги повикуваат велешани и сите заинтересирани да присуствуваат и да ја поддржат хуманитарната иницијатива.
П. ПЕЧКОВ