Холандскиот јавен радиодифузен сервис АВРОТРОС соопшти дека нема да учествува на Евровизија 2027 во Бургас, оценувајќи дека натпреварувањето повеќе не може да се смета за неутрално додека учествува земја вклучена во голем воен конфликт. Од АВРОТРОС велат дека одлуката е донесена поради недостиг на јасни критериуми од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) за тоа кои земји можат да учествуваат.
„Тешкото хуманитарно страдање во Газа и постојаните ограничувања на слободата на медиумите придонесоа за сè поголеми поделби околу Евровизија во последните години“, соопшти холандскиот јавен сервис.
ЕБУ неодамна ги промени правилата, па земја вклучена во вооружен конфликт, ако победи, нема да може да биде домаќин на натпреварувањето следната година. Сепак, АВРОТРОС смета дека измените не даваат доволно гаранции дека се обновени независноста и неутралноста на Евровизија.
Холандија се повлече и од годинашната Евровизија во Виена откако на Израел му беше дозволено учество, заедно со Шпанија, Ирска, Исланд и Словенија.