КОНЦЕРТОТ НА ЈАНГ ДАДИ ВО СКОПЈЕ СЕ ПРЕМЕСТУВА ВО „Т АРЕНА“, ДАТУМОТ ЌЕ СЕ ОБЈАВИ НАСКОРО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Концертот на Јанг Дади, кој првично беше закажан за 12 септември во салата „Јане Сандански“ во Скопје, се сели во „Т Арена’, објави организаторот, „Авалон“. Новиот датум за концертот ќе биде објавен наскоро.

Од „Авалон“ велат дека во меѓувреме се отвориле нови можности и соработки, поради што решиле концертот да го преселат во поголем простор и да подготват поголема продукција.

„Решивме да не правиме компромис, туку да одиме чекор погоре, со поголема сала, поголема продукција и поспектакуларно шоу“, велат организаторите.

Јанг Дади е еден од најактуелните нови музичари на регионалната хип-хоп и трап сцена, а особена популарност стекна меѓу помладата публика со песните „Лидија“ и „Син на мама“.

Сите досега купени билети ќе важат и за новиот термин.