Мјузиклот „Убавицата и ѕверот“ в понеделник (31 август) од 19 часот ќе се изведе во амфитеаторот, во реонскиот парк во Ѓорче Петров.
Во мјузиклот настапуваат повеќе од 50 деца и млади на возраст од 12 до 18 години, кои преку песна, танц и глума ја раскажуваат безвременската приказна за убавицата и ѕверот, Преведен е и препеан на македонски јазик, а препевот го направи Весна Малинова.
Мјузиклот е во изведба на „Бродвеј јуниор“.