ЈОРДАН КОСТОВ СО КОНЦЕРТОТ „РЕЗОНАНТНА ЗЕМЈА“ НА 9 СЕПТЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 9 септември во 20 часот, во Сули ан во Скопје, Јордан Костов со дваесетина музичари ќе го одржи концертот „Резонантна Земја: Ритуален колектив-Скопје II“, по повод 35-годишнината од независноста на Македонија.

Гости ќе бидат Јасер Бајат од Лорестан, Иран, кој свири на сетар и кеманче, и италијанскиот тромбонист Карло Масколо од Бари.

Костов со „Резонантна Земја“ за релативно краток период одржа концерти во Париз, Берлин, Лондон, Токио, Шангај, Ханој, Пном Пен и Дарамшала. Во 2027 се најавени концерти во Бразил, Европа, Индија, Африка и Азија.

Концертот ќе биде надополнет со театар на сенки и апстрактни визуелни интервенции кои ќе се развиваат паралелно со музиката. Во рамките на вечерта ќе биде поставена и изложба на авторските решенија за плакатите на „Резонантна Земја“.

Снимките од претходните концерти на проектот во Скопје, Париз и Берлин ги објавува париската дискографска куќа „ЛФДС рекордс“.