По повод 35-годишнината од независноста на државата, Археолошкиот музеј во Скопје на 8 септември организира посебна бесплатна музејска тура „35 години – 35 предмети – 35 приказни“ што ќе почне во 11 часот и ќе трае целиот ден.
Преку 35 внимателно избрани предмети од постојаната поставка, ќе може да проследат илјадници години историја и културно наследство. Предметите ќе бидат означени со македонското знаме, со што ќе можат лесно да се пронајдат низ музејската поставка.
Во рамките на турата ќе биде промовиран и специјалниот каталог „35 години – 35 предмети – 35 приказни“, со текстови подготвени од кустосите и експертите на Археолошкиот музеј.
(Фото: К. Попов)