БЕЛГРАДСКИТЕ АВАНГАРДНИ МУЗИЧАРИ ДИМА МИДБОРН И ИНТУРИСТ СО ПРВ НАСТАП ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Белградските музичари Дима Мидборн и Интурист денеска (4 септември) за првпат ќе настапат во Скопје, во „Лабораториум“. Концертот почнува во 21 часот, а локална поддршка е скопскиот бенд „Леа Карине“.

Дима Мидборн е музичар и продуцент кој свири авангарден рок со влијанија од њу вејв, арт рок и минималистички поп. Во април годинава го објави албумот „Случај“.

Интурист е музичкото име на Евгениј Горбунов, продуцент, мултиинструменталист и автор. Неговата музика спојува авант-рок, пост-панк, њу вејв, фри џез и експериментална електроника. Последниот албум „Туризам“, со 15 песни, го објави во 2025.

Со концертот завршува летната иницијатива „Скопје вибрира“, во чии рамки „Лабораториум“ организираше серија музички настани.