Изложбата „Технонеолит“ на Слободан Живковски е поставена во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје и ќе биде отворена до 14 септември.
Во авторскиот проект Живковски истражува како секојдневниот потрошувачки отпад може да се трансформира во уметнички објекти. Тој користи картонска амбалажа врз која интервенира со акрилни бои, давајќи им нов изглед и значење на материјалите што вообичаено се фрлаат.
Преку изложбата, авторот отвора прашања за потрошувачкото општество, материјалната култура и односот кон предметите од секојдневието, како и за можноста отпадот да добие нов живот во уметнички контекст.