ПРЕТСТАВАТА „БОГ НА КОЛЕЖОТ“ НА ФЕСТИВАЛОТ „РИСТО ШИШКОВ“ ВО СТРУМИЦА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Претставата „Бог на колежот“ на Македонскиот народен театар (МНТ) вечерва (9 септември) од 19:30 часот ќе биде изведена на 34. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.

Претставата е работена по мотиви од драмата „Бог на масакрот“ на Јасмина Реза, во адаптација и режија на Весна Петрушевска. Преку судирот на две семејства, таа ги отвора прашањата за човековата природа и за распадот на општествените вредности.

Играат Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Благој Веселинов и Наталија Теодосиева, заедно со млади актери од актерската школа на Петрушевска.

Фестивалот „Ристо Шишков“ се одржува од 8 до 13 септември.