Националниот џез оркестар ќе ја отвори новата сезона на 7 октомври со концерт со американскиот композитор, аранжер и тапанар Ден Пјугач во Националната опера и балет, Пјугач, кој е дел од современата њујоршка џез сцена, во 2025 ја освои наградата Греми за најдобар албум на голем џез ансамбл.
Со него доаѓаат пејачката и пијанистка Никол Зураитис, добитничка на Греми за најдобар џез вокален албум во 2024 и трубачот и композитор Џонатан Сарага.
Со Националниот џез оркестар ќе диригира Џијан Емин.
Билетите се продаваат онлајн и на продажните места на „МК тикетс“. Студентите и пензионерите ќе можат да купат билети со 50 отсто попуст на денот на концертот во билетарницата на НОБ.