КОНЦЕРТОТ „МЛАДИ ОПЕРСКИ НАДЕЖИ-КОСТА ТРПКОВ“ НА 15 СЕПТЕМВРИ ВО ОПЕРАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Традиционалниот гала оперски концерт „Млади оперски надежи-Коста Трпков“ ќе се одржи на 15 септември во 20 часот, на Големата сцена на Националната опера и балет (НОБ) во Скопје.

Концертот е во организација на Националната опера и балет, а се одржува во рамките на одбележувањето на 60-годишнината од основањето на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) во Скопје.

На концертот ќе диригира Бисера Чадловска, а ќе настапат студенти од класите по соло пеење, како и од Вокалното студио на Чадловска.

Гости на концертот ќе бидат професорите по соло пеење Горан Начевски, Весна Ѓиновска-Илкова и Иван Наумовски. Влезот е слободен.