Сандра Булок и Никол Кидман повторно се заедно во филмот во „Практична магија 2“, продолжението на познатата комедија од 1998 година. Филмот почна да се прикажува во кината овој месец, 28 години по оригиналот.
Булок и Кидман повторно ги играат сестрите Сали и Џилијан Овенс, припаднички на семејство на жени со магични моќи. Во новата приказна, сестрите мора да се соочат со мрачното проклетство кое повторно се заканува на нивното семејство.
На актерската екипа ѝ се приклучуваат Џои Кинг и Мејси Вилијамс, позната по улогата на Арја Старк во „Игра на тронови“, кои ја претставуваат новата генерација на семејството Овенс. Во филмот играат и Ли Пејс и Ксоло Маридуења, а се враќаат и Дајан Вист и Стокард Ченинг.
Режисерка на продолжението е Сузане Бир, а Булок и Кидман се и меѓу продуцентите на филмот. Приказната е инспирирана од романот „Книга на магијата“ на писателката Алис Хофман.
Оригиналната „Практична магија“, во која Булок и Кидман ги играа сестрите Овенс, со текот на годините стекна култен статус. Новиот филм повторно се потпира на комбинацијата од магија, семејни односи, љубов и црн хумор, а во центарот останува односот меѓу двете сестри.
„Практична магија 2“ почна меѓународно да се прикажува на 9 септември, а во американските кина пристигна на 11 септември.
Фото: Еј-Би-Си њуз