„ОЕЈЗИС“ ЈА ПРОДОЛЖУВА ПОВРАТНИЧКАТА ТУРНЕЈА СО 38 КОНЦЕРТИ ВО 2027

Лондон, (Ројтерс)

Бритпоп бендот „Оејзис“, предводен од браќата Лијам и Ноел Галагер, најави нова светска турнеја од 38 концерти, продолжувајќи го своето обединување со настапи низ Велика Британија, Европа и САД.

Турнејата „Live ’27“ ќе трае од мај до септември 2027, според најавата. Во Европа ќе свират во Минхен, Барселона, Амстердам, Париз и Рим. Турнејата ќе почне со пет концерти во Глазгов, а на стадионот „Етихад“ во Манчестер се планирани дури 11 концерти.

„Оејзис“ го имаше првиот концерт по 16 години пауза во јули минатата година. Првиот дел од повратничката турнеја опфати 18 настапи во Велика Британија и Ирска, како и гостувања во Северна Америка, Јужна Америка, Азија и Австралија.

(Фото: ДПА)