Со концерт на словенечкиот саксофонист и композитор Васко Атанасовски и „Полифонија“ од 20 часот, денеска (25 септември) ќе заврши седмото издание на Скопскиот градски фестивал, во организација на „Баги комуникации“. Концертот е во камерната сала на Филхармонијата.
На годинашното издание на фестивалот настапија Мартин Ѓаконовски, Гент Руши и Танос Ставридис, кои за првпат свиреа како трио, пијанистката Милјана Николиќ со програмата „Балкански композитори“, Мухамед Ибрахими со пијанистот Бобан Мирковски, Антонио Илиоски и Јана Лолова, кои го промовираа албумот „Beyond The Silence“ и младата скопска група „Фреквенција“.
На завршниот концерт, Атанасовски ќе настапи со „Полифонија“, во состав Сања Шуплевска и Гоце Вангеловски на виолина, Кристина Стојановска на виола, Александра Јаневска на виолончело и Гоце Маротов на контрабас.