Димитар Андоновски ќе биде гостин на концертот на Бојана Скендеровски во Битола кој ќе се одржи на 30 октомври во Центарот за култура во Битола, од 20 часот. Настапот во Битола следува по нејзините концерти во Скопје, Штип и Тетово.
Пејачката вели дека со Битола и со тамошната публика ја поврзуваат убави спомени и дека со задоволство повторно се враќа во градот.

„Секогаш со посебна радост се враќам во Битола. Со овој град и со битолската публика ме врзуваат убави спомени и многу драги моменти. Верувам дека и овојпат ќе имаме вечер исполнета со многу музика, емоции и добра енергија“, вели пејачката..
Со колегата Димитар Андоновски кој е битолчанец, таа соработуваше во песната „Оди си“. Андоновски е автор на аранжманот за песната.