САКСОФОНИСТОТ И КЛАРИНЕТИСТ НИНОСЛАВ СПИРОВСКИ ИЗБРАН ЗА НАЈДОБАР МАКЕДОНСКИ ЏЕЗ МУЗИЧАР ЗА 2026

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Саксофонистот и кларинетист Нинослав Споровски е прогласен за најдобар македонски џез музичар за 2026 година во традиционалниот избор на Скопскиот џез фестивал. Спировски има соработувано на бројни џез проекти, од кои најпознати се „Светлост“ и „Одрон ритуал оркестра“.

„Спировски е музичар чиј почеток во класичната музика не го одвлекува од истражувањето на жанрови и го наоѓа својот пат во џезот. Тој е еден од ентузијастите кои го покренаа фри џез движењето во Македонија, музичар препознатлив по бројни проекти и дискографски изданија“, велат од СЏФ.

Спировски ќе настапи на 45. Скопски џез фестивал како дел од квинтетот на Андреа Мирческа на 17 октомври.

(Фото: Фејсбук)