Нела Витошевиќ доби награда за најдобра режија за претставата „Змеј“, продукција на Младинско гледалишче од Љубљана (МГЛ), на Меѓународниот фестивал „Театар на раскрсница“ во Ниш. Жирито беше предводено од актерот Ирфан Менсур.
Претставата доби и награда за најдобра сценографија, на Игор Васиљев, а за најдобра костимографија беше наградена Јелена Проковиќ.
Витошевиќ ја истакна важноста на заедничкиот придонес на сите учесници во создавањето на претставата, упатувајќи благодарност до директорката на МГЛ, членовите на жирито, актерскиот ансамбл и до авторскиот и техничкиот тим.
Претставата „Змеј“ ќе се изведе на 28 октомври во Драмскиот театар во Скопје, на регионалниот фестивал РУТА.