БАЛЕТОТ Е ТЕМАТА НА ВТОРАТА ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ НА МАРКО УГАРКОВИЌ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Денеска (1 ноември) во 19 часот, во културниот центар „Јадро“ во Скопје ќе се отвори изложбата „Делови“ на фотографот Марко Угарковиќ.

„Во ‘Делови’, неговиот објектив се приближува до светот на балетот, откривајќи го не само како изведувачка уметност, туку и како дисциплина што бара неверојатна физичка сила, издржливост и посветеност. Зад елеганцијата на движењето стојат часови работа, контрола и напор: невидливата страна на совршенството, што публиката го доживува на сцената“, стои во најавата за изложбата.

Угарковиќ е дипломиран филмски режисер кој се занимава и со фотографија. Во неговата претходна изложба „Сенки, светло и сцена“, овој интерес се сретна со сценскиот свет.