„ЈУ-ТУ“ ЌЕ ГО НАЈАВИ НОВИОТ АЛБУМ СО СПЕЦИЈАЛЕН КОНЦЕРТ ВО ЛОНДОН, ЛОКАЦИЈАТА СЕ ЧУВА ВО ТАЈНОСТ

Лондон, (Би-Би-Си)

Ирската рок-група „Ју-ту“ ќе одржи специјален концерт на 3 ноември во Лондон пред ограничен број обожаватели. На концертот ќе се изведат и песни од претстојниот албум „Карневал на светлината“, кој ќе биде објавен на 13 ноември.

Точната локација на концертот во центарот на Лондон ќе им биде откриена само на посетителите кои добиле билети преку извлекување организирано од Би-Би-Си.

Концертот ќе се емитува на телевизијата „Би-Би-Си 2“ кон крајот на ноември, во рамките на специјална програма посветена на групата.

„Ју-Ту“ годинава слави 50 години од основањето и има освоено 22 награди Греми. „Карневал на светлината“ е негово прво студиско издание со нови песни по девет години.