ТРИОТО „САУНДСКЕЈП“ СО КОНЦЕРТ НА ЕСЕНСКИ МУЗИЧКИ СВЕЧЕНОСТИ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Камерниот состав „Саундскејп трио“ вечерва (16 ноември) од 20 часот ќе одржи концерт насловен „Меѓу насмевките и солзите“ во Салон 19’19 во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје. Концертот е дел од 27. издание на фестивалот Есенски музички свечености, во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.

Триото го сочинуваат кларинетистот Андрија Минчиќ, фаготистот Тадија Минчиќ и пијанистот Никола Цветковиќ, музичари со богато меѓународно концертно искуство.

Андрија Минчиќ има одржано повеќе од 250 солистички настапи во земјата и странство, a Тадија Минчиќ настапувал со повеќе европски оркестри, меѓу кои и Минхенскиот камерен оркестар. Пијанистот Никола Цветковиќ, покрај класичната музика, се занимава и со џез, современа музика и компонирање.

Со концертот продолжува годинашната програма на „Есенски музички свечености“.