Националниот џез оркестар (НЏО) настапи на завршната вечер на 35. издание на фестивалот „Гимараеш џез“ (Guimarães Jazz), еден од најзначајните џез фестивали во Португалија. Концертот се одржа на 21 ноември во Културниот центар „Вила Флор“ во Гимараеш.
Оркестарот настапи со познатиот американски џез пејач Курт Елинг, a ќе диригира Џијан Емин.
Елинг има меѓународна кариера долга повеќе од триесет години и е добитник на две награди Греми за најдобар џез-вокален албум. Соработувал со познати музичари, меѓу кои Бренфорд Марсалис и Данило Перес, а настапувал и со Њујоршката филхармонија.
Со овој концерт, Националниот џез оркестар ги продолжи меѓународните настапи и претставувањето на македонската џез сцена пред европската публика.