Иако афродизијаците се користеле пред илјадници години во Индија, Кина, Египет и други делови од светот, науката многу побавно постигнала да открие зошто овие растенија влијаат врз сексот.
Постојат два вида афродизијаци, оние кои влијаат психолошки и оние чие влијание е само физичко.Едно истражување спроведено во Канада, покажаа кои се најефективните афродизијаци според капацитетот да ја зголемат желбата и возбудата за секс, да ја подобрат функцијата на ерекциите или едноставно да овозможат позадоволувачко сексуално искуство.
Ете ги топ четирите афродизијаци според нив.
Жен–шен
Додатокот на жен–шен во секојдневната диета, обично помага многу при добрата функционалност на ерекциите кај мажот. Ова растение познато како „чудотворен корен“ од Азија има потенцијал да го подобри сексуалниот перформанс кај машките. Единствената мана може да биде горчливиот вкус од земја, кој повеќе личи на лек, отколку на вкусен зачин.
Шафран
Друго повкусно афродизијачко растение со појака боја кој има позитивно влијание врз ерекциите е шафранот. Иако доказите не се толку бројни колку за жен–шенот, шафранот е исклучително добар во комбинација со ориз. Но од друга страна, е и најскапиот зачин на светот.
Чоколадо
Кога се работи за создавање на романтично расположение, јадењето чоколадо може да ве однесе во таква состојба. Афродизијачките ефекти на чоколадото постојат најмногу благодарение хемикалиите на задоволство кои му ги пренесува на мозокот, како серотонин и ендорфин, велат истражувачите.
Алкохол
Иако не би очекувале да го најдете алкохолот во топ листата на афродизијаци, позитивните ефекти на алкохолот од овој аспект вклучуваат намалување на одбранбените и ограничувачките механизми, олеснувајќи го процесот на уживање во моментот без премногу загрижување.
Но, истовремено се препорачува сепак да се пие умерено. Премногу алкохол може да предизвика дисфункција на ерекција, неубави бакнежи, а може и да доведе до нешто за кое што сериозно ќе се покаете подоцна.
Ефектите на чоколадото и алкохолот се психолошки, не физички. Но, тоа не значи дека не можат да помогнат во надградување на страста.