Како што женските можат да се покаат за првиот сексуален однос, истото може да им се случи и на машките. Чувството на несигурност за тоа дали ја направиле вистинската одлука е апсолутно нормално за двата пола. Не само женските, туку и машките имаат трема првиот пат.

Исто така, луѓето имаат тенденција да мислат дека машките секогаш имаат повеќе секс и почнуваат многу порано од женските, факт кој исто така не е точен. Многу машки имаат секс покасно од некои женски, а многу пати може да се случи него да му биде прв пат, а неа не. Ако стресот доминира првиот пат, тогаш престанете за еден момент додека не разјасните дека и двајцата навистина сакате да имате секс.

Прекрасниот секс секогаш е резултат на доброто познавање на твоето тело за да можеш да одредиш тоа што би го побарал од партнерката. Така што пред да влезете во кревет со некој друг, поминете малку време се себе. Откријте што ве возбудува повеќе.

Сексот во суштина треба да биде вид на разговор, се работи за воспоставување на посебен вид на конекција со друг човек на многу нивоа, и ако се фокусираш на тоа како да ја задоволиш девојката, тогаш сигруно ќе го испуштиш ова убаво чувство.