Предигра e вжештување на атмосферата пред сексуалниот однос или сето тоа што ве прави да се расположите за сексуален однос.
Бакнувањето е предигра. Флертот и интимните разговори исто така. Кога се милувате, кога лежите еден до друг со телата притиснати, се допирате. Сé што е сексуално освен самиот сексуален однос на пенетрација на пенисот во вагината е предигра.
Меѓутоа, понекогаш зборот предигра може да биде погрешно разбран, бидејќи тој подразбира дека сексот е главната цел и постепеното возбудување е само почетокот. Тоа не е точно. Самата предигра е секс. Можете да уживате единствено во тоа и не мора да води до секс. Предиграта ја има истата важност како и сексот а некогаш е дури поважна. Обично жените не сакаат да имаат секс без малку предигра.
Ете неколку мали совети за што поинтерсна предигра:
- Не го забрзувајте процесот на соблекување. Самото соблекување може да претставува палење за двајцата и што побавно го правите, толку подобро. Уживајте додека ја соблекувате облеката еден на друг, покажувајќи колку го сакате телото на партнерот. Може да си ги почувствувате телата и облечени. Направете го овој процес што позабавен.
- Дознајте ги чувствителните делови на телото. Секој има уникатно тело, отркијте ги овие делови со бакнување на целото тело. За некои луѓе особено сензитивен дел се ушите, на други посебно задоволство им претставува бакнувањето на вратот.
- Пробувајте игри за да ја вжештите атмосферата. Разменете секси пораки преку ден, покријте ги очите на партнерот, или смислете игра со карти со правила како на пример секојпат кога некој од двајцата ќе изгуби да треба да соблече едно парче облека.
Клучот е да не ви стане досадно и предвидливо. Не прекинувајте да се изненадувате меѓу себе.