НАЈВАЖНО ПРАШАЊЕ ПРЕД ПРВИОТ СЕКС: ДАЛИ ТИ Е УБАВО?

СМАРТ СДК.МК

За три-четвртини од младите луѓе во светот, сексуалното разоткривање оди по овој редослед: прв бакнеж, милување под облека, мастурбирање, целосно соблекување и на крај сексуален однос. Без разлика колку долг или краток период сме биле во врска, честопати ни е тешко да ја отвориме темата за секс. Меѓутоа, разговорот за секс може да го разубави искуството за двајцата и истовремено да ја подобри нашата врска.

Бакнежи, галење, секс… за било што и да правите првата проверка е: дали ви е убаво? Дали ви се допаѓа? Дали ве возбудува? Дали ве прави среќен/на? Ако имате позитивен одговор на овие прашање, тогаш продолжете. Надградувајте ја возбудата постепено, за да се спремите и двајцата. Кога девојката се возбудува, нејзината вагина станува влажна. Ова е многу важно бидејќи инаку пенетрацијата или влегувањето на пенисот би било болно.

Никогаш не се чувствувајте дека мора да имате секс, особено ако тоа ви е за прв пат. Тоа е решение кое го донесувате сами. Не се чувствувајте репресирани, а не вршете притисок ни на вашиот партнер/ка. Посветете време еден за друг, кажувајте си убави работи.

Слушајте си ги вашите чувства. Ако по почнување со сексот почувствувате дека не сакате да продолжите, не го избегнувајте тоа чувство. Делувајте според ваше темпо. Исто така, посветете внимание на вашиот партнер. Сексот не се прави сам. Дали тој/таа ужива во сексот? Прашајте. Дали има несигурности за да го видите гол/а? Почитувајте си ги желбите.

Првиот пат сигурно нема да знаете што точно да правите. Следете ги сигналите на телото на вашиот партнер. Дали воздивнува? Дали ви ја насочува раката кон одреден дел од своето тело? Овие се знаци дека сте во вистинскиот правец.

Секогаш користете кондом. На тој начин, не само што ќе ја спречите насаканата бременост, туку ќе се заштитите од сексуално преносливите болести. Инцидентите со кондоми речиси секогаш се резултат од нивно погрешно користење. Затоа, важно е да се прочитаат инструкциите на внимателен начин и да се пробува ставањето на кондомот. Машките може да вежбаат сами, а женските преку ставање на кондомот на овошје или зеленчук со долгнавест и облик, како на пример, банана или краставица.