Најраната возраст на која што мнозинството деца имаат свој смартфон падна од 13-14 на 11 години, покажа ново истражување.
Студијата што ја објави непрофитната организација „Common Sense Media“ покажува дека 53% деца поседуваат смартфон веќе на 11-годишна возраст. До 12 години, свој телефон имаат 69% деца.
„Кога вашето дете ќе каже дека сите имаат телефон, тоа е во право. Можете да замислите што значи на осумгодишно дете да му дадете пристап до цел свет од информации“, вели директорот на „Common Sense Media“, Мајкл Роб.
Во 2015 година, 24% деца на возраст од осум до 12 години имале смартфон. Денес, 41% деца од оваа возрасна група го имаат. Уште повпечатливо, 19% осумгодишници имаат свој смартфон во 2019.
„Ако веќе сте решиле да му дадете смартфон на своето дете, барем бидете сигурни да го користи одговорно. Претходно мора да разговарате за тоа“, вели Роб.