ЕЈЧ-БИ-О ЌЕ ОБЈАВИ ВИДЕОИГРА „ИГРА НА ТРОНОВИ“ ВО КОЈА ИСТО ТАКА ЧЕСТО СЕ УМИРА

Њујорк, (Гардијан)

Ејч-Би-О го најави излегувањето на нова видеоигра „Игра на тронови“, наменета за смартфони и компјутери и направена од наградуваното студио „Неријал“, кое стои зад серијалот „Владеења“.

Во „Владеења: Игра на тронови“, играчот може да биде крал или кралица, при што се обидува да избегне востанија, уништувачки војни, атентати или натприродни мешања за да остане на тронот што е можно подолго. Таа е претставена како комбинација на игра со карти и Тиндер, при што постои можност за интеракција помеѓу играчите.

Играчите, меѓу другите, можат да изберат да владеат како Џон Сноу, Денерис Таргарјен, Серсеи Ланистер, Тирион Ланистер или како Санса Старк, а приказната и дијалогот на секој владетел се вклучени во ликот. Како и во книгите и серијата, и во видеоиграта неочекувано и често се умира. Игрите од овој серијал, исто така, се познати по црн хумор.

Играта ќе биде објавена во октомври и ќе може да се даунлодира за 3,99 долари.