Фејсбук ќе направи уште еден обид да му конкурира на Снепчет со нова апликација која ќе овозможи уште поинтимно споделување информации помеѓу пријатели.
Наречена Threads, таа се базира на опцијата Close Friends, што лани беше претставена на Инстаграм и која им овозможува на корисниците да направат потесна група следбеници со кои ќе споделуваат поприватни објави и приказни.
Со Threads, корисниците ќе бидат охрабрувани да споделуваат повеќе информации со свои блиски пријатели и таа, на пример, автоматски ќе покажува нивна локација.
Иако Фејсбук има многу конкуренти, малку од нив му направија таков притисок како Снепчет. Од 2012 до 2017 година, Марк Закерберг се обидел да го клонира Снепчет најмалку 18 пати.
Снепчет денес се базира токму на поврзување на блиски пријатели и податоците покажуваат дека негов просечен корисник поминува повеќе време на апликацијата отколку просечен корисник на Инстаграм.