ФИФА оваа година ќе го организира првото светско првенство во популарната видеоигра „Фудбал менаџер“, на која ќе се добие најдобриот виртуелен тренер на светот.
Оваа видеоигра се продаде во милиони примероци и некои клубови ја користат за да следат играчи.
Играчите ќе се натпреваруваат за 100.000 долари на завршниот настан, што ќе се одржи од 29 август до 1 септември.
„Ова натпреварување бара од учесниците да покажат длабоко разбирање на фудбалските стратегија и тактика. За успех се бара не само мајсторство во механиката на играта, туку и длабинско фудбалско знаење, што го прави овој формат фасцинантен спој“, рече поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, кој е амбасадор на е-спорт настанот.
(Фото: Гети)