И ТИКТОК ЌЕ МУ КОНКУРИРА НА ТВИТЕР ОТКАКО ЗА ПРВПАТ ВОВЕДЕ ТЕКСТУАЛНИ ОБЈАВИ

Пекинг, (Би-Би-Си)

ТикТок објави дека ќе понуди опција за текстуални постови, додека се вжештува натпреварот помеѓу гигантите на социјалните медиуми. Кинеската платформа, која се прослави со стримувањето кратки видеа, кажа дека новата алатка ќе им даде на корисниците уште еден начин да се изразат.

Во почетокот на овој месец, ТикТак лансираше и музички стриминг сервис за да им конкурира на Спотифај и Епл мјузик.

Корисниците на ТикТок отсега ќе имаат три опции на апликацијата: фотографија, видео и текст. Тие исто така ќе можат да додадат звуци и локација на своите објави, како и видеореакции од други корисници.

Овие додатоци ќе ги направат текстуалните објави еднакво динамични и интерактивни како и секоја објава на видео или фотографија“, соопшти ТикТок.

Промените на ТикТок следуваат откако Марк Закерберг ја лансираше апликацијата Тредс, која многу потсетува на Твитер.